Маж од Врапчиште доби осумдневен притвор бидејќи заклучил девојче и и’ пуштал порнографски содржини.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против 34-годишниот К.И. од село Врапчиште е поднесена кривична пријава бидејќи пред два дена во своето интернет кафе заклучил 14-годишно девојче и и’ пуштал порнографски материјали.
Монструмот го повикал девојчето во просториите и ја заклучил вратат, а потоа и’ пуштил порнографски материјал на компјутер. Таа исплашена од истото се обидела да го напушти локалот, но тој започнал да ја влече за коса и да ја удира со клоци и тупаници по главата и телото.
Судија во претходна постапка на пријавениот му опреди мерка притвор од 8 дена.