
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус“ посочи дека владата мора да им помогне на сопствениците на бизнисите, со сет мерки кои ќе бидат од корист. Тој понуди два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопантвениците.
„Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека владата мора да покаже и да докаже на сопствениците на бизниси дека е позади нив, дека застанува рамо до рамо со нив. И дека е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.
„Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти“, образложи Мицкоски.