Мората среќен во Мадрид иако само седи на клупата за резерви

“Тоа не е точно. Јас сум среќен во Мадрид и имам чуство дека тренерот, Карло Анчелоти, неговиот помошник, Зинедин Зидан и останатите кои се дел во стручниот штаб веруваат во моите квалитети. Уште сум млад и сакам и понатаму да го носам дресот на Реал (М). Секој фудбалер сака да има голема минутажа, да игра на секој натпревар, но тренерот веќе покажа дека верува во моите услуги. Ми даде шанса да играм на најтешките натпревари и јас со добра игра му се заблагодарив за укажаната шанса.

Среќен сум во Мадрид и се надевам дека тука ќе останам уште многу години. Имаме фантастичен тим, еден од најдобрите во Европа”, изјави Мората.