Морето по невремето во Италија исфрли четири тела

На бреговите на Лигурија во неделата морето исфрлило четири тела, објави новинската агенција Ansa и прецизира дека италијанските и француските власти заеднички се обидуваат да го утврдат нивниот идентитет.

Иследници од поморските капетании на карабињетие и полицијата се во контакт со француските власти поради идентифијација на телата исфлени на брговите на италијанската ривиера недалеку од Франција, пренесува Ansa додавајќи дека власите на регионот Лигуриај засеега немаат пријава за исчезнати лица.

Се претпоставува дека петтото телим, пронајдено во регата Роја, е овчар од превојот Тенде чие државјанство сѐ уште не е утврдено.

Еден маж е најден мртво во неговиот потопен автомобил во регионот Сен-Мартен-Весуние, на југоистокот од Франција, кој во петокот вечерта беше зафатен од силно невреме, соопшти во неделата противпожарната служба. Тој е втората жртва од француската жртва во надојдените води поради невремето кое во петокот ги зафати Ница и околината и северозападот на Италија.

Невремето, покрај тоа нанесе милионски штети. Во Италија се уништени неколку мостови, а улиците се распукани или преплавени со остатоци, кал и превртени автомобили.