![morsi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/morsi.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси пристигна во судницата во која се обновуваат сослушувањата за случајот за поттикнување убиства на демонстранти за време на неговото владеење како шеф на државата, пренесоа „Ројтерс“ повикувајќи се на локалните медиуми.
Обвиненијата се поврзани со насилството пред претседателската палата во декември 2012 година, за време на протести против декретот, што ги проширува надлежностите на Морси. Армијата го собори од власт Морси по масовните протести против неговото владеење.
Минатиот месец против Морси беа покренати две нови обвиненија, вклучувајќи го заговорот со палестинската група „Хамас“, либанското движење „Хизбулла“ и исламистичкатаа шиитска Влада на Иран против Египет, како и учество во терористички заговор, поврзан со бегството од затвор во 2011 година.
Освен Морси, обвинети во случајот се уште 14 исламистички лидери.