Руското министерство за надворешни работи соопшти доцна во понеделникот дека единствена цел на нуклеарната реторика на самитот на земјите од Г7 во јапонска Хирошима е да се подложат Русија и Кина на психолошки, воен и политички притисок.
Земјите во Г7, кои својот самит го одржаа првиот град од двата јапонски града врз кои во август 1945 година САД фрлија атомска бомба што е досега единственото во историјата користење на нуклеарното оружје, ги повикаа Русија и Кина на „поголема транспарентност“ во поглед на нивните нуклеарни арсенали, слично како наводните чекори кои ги направија Велика Британија и Франција и САД кои имаат распоредени нуклеарни бомби во Европа и во Турција близу руските граници.
Коментирајќи го документ заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, задолжен во руската дипломатија за прашањето за контролата на вооружувањето, изјави дека соопштението на земјите од ткн колективен Запад го одразува нивниот антируски и антикинески тон.
„Се добива впечатокот дека западната реторика за големината на нивните нуклеарни арсенали има само една цел: да се подложат Русија и Кина на воено-политички притисок. Зад тоа, очигледно, стои патолошката желба да ја оцрнат нашата земја“, истакнува Рјабков во коментарот објавен на интернет страницата на министерството.
Коментарот на Рјабков следи по острите одговори на Кина и Русија на самитот на Г7 и изјавите во коишто се критикуваат двете земји по низа прашања. Москва го нарече самитот „инкубатор“ на антируска и антикинеска хистерија.
Кинескиот претседател Кси Џинпигн и неговиот руски колега, „драг пријател“ како што го нарекува, Владимир Путин, е обврза на „безгранично пријателство“ потврдено непосредно пред Москва да ја започне својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година и оттогаш демонстративно ги зајакнуваат своите економски, политички и воени врски.
Продолжувајќи ги континуираните билатерални посети, рускиот премиер Михаил Мишустин во понеделникот ноќта пристигна во Кина на разговорите со кинеските функционери и деловни луѓе а ќе има и разговори со претседателот Кси, што предизвика дополнителна вознемиреност на Западот поради односите меѓу Москва и Пекинг.