Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Москва го проширила списокот на европски функционери на кои им е забранет влез во таа земја, како одговор на „непријателската одлука“ на Европската унија и Парламентарното собрание на Советот на Европа.
„Како одговор на непријателските дејствија, Русија го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ, на кои, во согласност со законот, им е забранет влез на територијата на нашата земја“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Министерството објасни дека оваа мерка меѓу другото се однесува и на претставници на европски трговски организации кои се занимаваат со производство на оружје и воена опрема и кои учествуваат во снабдувањето со оружје на режимот во Киев, пренесува Танјуг. Од почетокот на војната во Украина, ЕУ им забрани на голем број руски функционери и претставници на компании да влезат на територијата на членовите на заедницата, потсетува ТАС