Москва објави во четвртокот дека ќе протера двајца германски дипломати, како одговор на одлуката на Германија од почетокот на декември да им откаже гостопримство на двајца службеници на руската амбасада во Берлин, поради тоа што Русија не соработувала во истрагата за убиство на грузиски државјанин од чеченско потекло во престолнината.
Руското министерство за надворашни работи го повикало во четвртокот германскиот амбасадор во Москва Геза Андреас фон Геир за да му соопшти дека „двајца соработните на германската амбасада се прогласени за несакни лица и имаат седум дена да ја напуштат Русија“.
Германскиот амбасадор не сакал да даде коментар за новинарите по излегвуањето од руското министерство, кусо одговарајќи „Сѐ ќе најдете преку службените канали“.
Потегот на Москва беше очекуван откако Берлин минатата седмица протера двајца руски дипломати поради обвинувањето дека руските власти стојат зад убиството на државјанин на Грузија со чеченско потекло на 23-ти август во централниот берлински парк. Истиот ден канцеларијата на Берлинското обвинителство објави дека е уапсен осомничен, наведно 49-годишен Русин чиј идентитет не се открива.
Мажот кој германските власти го идентификуваат како Торнике Ј, е повеќе познат како Зелемкан Кангошвили, во август е убиен со два куршума в главата во парк во центарот на Берлин кога одел кон џамија. Овој 40-годишник војувал во исламистичкиот бунт во Чеченија на страна на џихадистичките борци кои имаа намера да го формираат калифат на Кавказот.
Во четвртокот портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, потврди дека по убиениот грузиски државјанин била распишана потерница. Претседателот Владимир Путин подоцна изјави дека убиениот во Берлин активно учествувал во борбени дејствија на страна на сепаратистите на Кавказ, а бил и еден од организаторите на експлозиите во подземната железница во Москва. Путин истакна дека по лицето имало распошана потерница, и оти Русија повеќепато апелирала до Гераманија да го екстрадира, но не наишла на разбирање. Русија „ќе стори сѐ за да се разјасни ова“ и ќе им помогне на германските колеги во истрагата, рече Путин.