Москва предупреди да не се користи западно оружје за напади на нејзина територија

Москва во четвртокот остро го предупреди Вашингтон да не ја поттикнува Украина да ја нападне руската територија со американско оружје.

„Таквата позиција е целосно неодговорна, таа позиција е целосно опасна со сите нејзини последици“, изјави во четвртокот на руската државна телевизија портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ги коментираше написите на The New York Times, според кои американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој инаку има еврејско потекло од украинските простори на царска Русија исто како и украинскиот претседател Володомир Зеленски, се залагал за такви напади на руска територија и сакал во тоа да го убеди претседателот Џо Бајден да ги укине ограничувањата за ова прашање.

„Во Вашингтон, но и во некои европски градови постојано се провоцира ескалација“, рече Песков. „Ние знаеме дека меѓу американските сенатори и конгресмени има многу вжештени гкои сметаат дека е нивна должност да долеваат масло на огнот“, додаде портпаролот на рускиот претседател во разговорот за првиот канал на руската државна телевизија.

„Сега на сите стручњаци им е очигледно дека ниту едно оружје некако нема да го промени текот во зоната на специјални воени операции. Напротив, испораката на оружје само ја продолжува војната за Украинците“, рече Песков.

Американскиот Стејт департмент ниту ги потврди ниту ги демантираше тврдењата на The New York Times во четвртокот.

Блинкен за време на неговата посета на Киев минатата седмица рече дека САД се посветени да ѝ помогнат на Украина да победи во војната.

„Ние не охрабрувавме или овозможивме напади надвор од Украина, но на крајот Украина мора сама да ја донесе таа одлука за тоа како да води војна, војна што ја води во одбрана на својата слобода, суверенитет и територијален интегритет“, рече тој минатата седмица во Киев