Руското министерство за одбрана ги предупреди западните и други странски воени аташеа во Москва на опасност во вооружен судир меѓу Русија и НАТО, имајќи ги предвид неодамнешните тензии меѓу двете страни поради активностите на Алијансата во Украина и јакнењето на руското воено присуство на гранциата со оваа земја.
НАТО се подготвува за вооружен конфликт со Русија, изјавил заменикот министер за одбрана Александр Фомин на брифингот за воените аташеа и претставници на странските амбасади акредитирани во Москва.
„Военото конструирање на Алијансата е целосно насочено да се подготви за голем вооружен конфликт со восок интензите со Русија“, рекол генерал-полковникот Фомин.
Појаснил дека Северонатлантската алијанса во своите документи, вклучително и донесената воена стратегија од 2019 година, директни ја посочува Русија како „главен извор на закана за безбедност на сојузот“.
А притоа, истакнал Фомин, сѐ уште е на сила Римската декларација во којашто се наведува дека Русија и НАТО меѓусебно не се сметаат за противници, што е потврдено и на самитот во 2010 година во Лисабон.
Насочените провокации на НАТО во близина на руските граници со голема веројатност можат да доведат во вооружен конфликт, истакна заменикот-министер за одбрана на Русија.
Како пример Фомин го навел обидот на британскиот разурнивач „ Defender“ во јуни годинава кој се обдие да навлезе во територијалните води на Русоја во близина на брегот на црноморскиот пполиостров Крим, чие присоединување во 2014 година на Руската Федерација, Западот го смета за нелегална анексија на украинска територија. Фомин притоа апострофирал, дека активностите на британскиот разурнувач биле синхронзиирани и обезбедувани од американски стратешки разузнавачки авион „RC-135“.
Како што истакнал Фомин, а пренесува агенцијата РИА, интензитетот на ваквите летови над регионот на Црното Море е зголемен за повеќе од 60 отсто во споредба со претходната 2020 година, односно бројот на прелетите се зголемил од 436 на 710. Американските страшки бомбардери „В-IB“ и „В-52Н“ летале 92 пати, наспроти 78 во 2020-та во црноморскиот регион со пристап до исловната линија на употреба на вооружувањет. Западно од Крим, овие авиони летале на оддалеченоста од 15 километри од руските граници.
„Севкупно, годинава командата на Здружените сили на НАТО изведе 15 маневри во Црното Море, а во 2020 година ги имаше осум“, додал Фомин.
Во балтичката зона, пак, авионите на НАТО извеле повеќе од 1.2000 летови, а борбените пловила излегле во поморски извидувања 50 пати повеќе од ланската година. Во овој регион во 2021 година биле одржани повеќе од 20 маневри на силите на Алијансата, информирал рускиот заменик министер за одбрана.
„Истоврмеени, воено неутралните држави и нашите најблиски соседи Финска и Шведска, активно се вклучени во активностите на Алијансата“, истакнал генерал-полковникот Фомин.
Нагласил дека откако САД еднострано се повлекоа од Договорот за елиминација на ракети со среден и кус дострел, во НАТО всушност ја игнорирале иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин за воведување мораториум на распоредувањето нови ракети со среден и кус дострел во Европа и можноста за заемни мерки за отстранување на постоечките стравови.
„Секоја година НАТО изведува 30 големи вежби на кои се разработуваат сценарија за воени операции против Русија. Во рамките на активнистите за борбени увежбувања особено внимание се позветува на формирање ударни групи во близина на руските граници. Конкретно, во периодот мај-јуни годинава, се одржаа серијата вежби ‘Defender Europe-2021’ со префрлување на трупи за подршка од САД и Западна Европа на ‘источното крило’ со бројност од 40.000 луѓе“, додал Фомин.
Истовремено, рускиот генарал потсетил дека Основачкиот акт Русија-НАТО од 1997 година се однесува и на добивањето да се решат „заедачите на колективната одбрана преку дополнително трајно распроедување на значителни борбени сили“.
Истовремено, контингент од околу 13.000 војници од земји на НАТО надвор од регионот е постојано присутен во Источна Европа. Фомин ги изнел и податоците дека околу 200 тенкови, 400 оклопни возила, 50-ина средства тешка борбена техника и 30-ина авиони и хеликоптери се постојано распоредени во регионот.
Фомин истакнал дека курсот на конронтација кој го задржува НАТО кон Русија, ќе ја принуди Мосвка остро да го покрене прешањето за правните безбедносни гаранции кои ќе исклучат секакво придвижување на Алијанската на исток.
„Алијансата секогаш ги игнорираше руските интереси и бегаше од рамноправна дискусија за постојните проблеми. На пример, во 2009 година беше одбиен рускиот предлог за склучување сеопфатен договор, развиен да ги консолидира меѓусебните безбедносни гаранции во заднината на заладувањето на билатералните односи, по настаните во Грузија во 2008-та“, потсетил претставникот на руското министерство за одрана.
Фомин притоа укажал дека последователните настани покажале дека „Алијансата не е подготвена за суштински разговори меѓу воените функционери, избегнува носење конкретни одлуки за деескалација и постојани отфрла секаква руска иницијатива“, рекол претставникот на руската одбрана.
Заменикот-министер истакнал дека неговото министерство очекува од НАТО рана реакција на предлозите за безбедносните гаранции и е подготвено во секое време да ги започне преговорите.