Српската премиерка Ана Брнабиќ го убедила рускиот амбасадор дека американските медиуми погрешно ја пренеле нејзината изјава дека Србија, доколку биде принудена на тоа, попрво ќе ја избере Европската унија отколку Русија, објавија во четвртокот медиумите изјавата на потпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Српската премеирка на рускиот амбасадор во Белград му го предала стенограмот од интервјуто за американската агенција Bloomberg за да го увери дека е лошо интерпретирана нејзината изјава дека Србија попрви би ја избрала ЕУ отколку Русија изјавила Захарова, наведувајќи дека Москва го прифаќа појаснувањето дадено на рускиот дипломат.
„Обративме внимание на таа информација. Амбасадорот на Руската Федерација во Белград специјално се сретна со Ана Брнабиќ за да прецизира што е навистина кажано. Премиерката на Србија рекла дека нејзините зборови за американската агенција се погрешно интерпретирани и го предала целиот стенограм од своето интервју коешто го дала за Bloomberg, во кое таа изјава ја нема. Поаѓаме од тие објаснувања“, се наведува во писмената изјава на Захарова.
Захарова во средата за српската агенциja Beta, коментирајќи ја изјавата на Брнабиќ. Изјави дела изборот меѓу ЕУ и Русија е „суверено право на Србија“, но дека Москва искрено жали Белград да не биде доведен во таа ситуација.
„Тоа е суверено право на Србија. Но, ние искрено сакаме никој да не ја стави ниту Ана, ниту кој и да е пред изборот „или-или“. Оптимално е да се биде и со едните и со другите. Тоа е и полезно и сигурно од аспект на сопствените интереси“, рече во средата Захарова.
Откако на почетокот од седмицата изјавата на Ана Брнабиќ за односот на Белград кон ЕУ и Русија предизвика големо внимание во меѓународната политика, следеше серија одвоени состаноци на највисоките српски функционери со амбасадорот во Русија во Белград, Александар Чепурин.
Рускиот амбасадор го примија во меѓувреме новиот министер за одбран Александар Вулин, вицепремеирот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, премиерката Ана Брнабиќ, и на крајот и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ и Чепурин се согласиле дека „односите меѓу двете земји ги карактеризира стратешка длабочина која не може лесно да се расипе“ соопштија од кабинетот на Вучиќ.
„Србија е на европскиот пат, но тоа не смее, нема и не може да ги поремети многу добрите односи со Русија. Србија нема да ја менува многу јасната и принципиелна надворешна политика, која сведочи и за Србија како независна и суверена држава, којашто се раководи од своите интереси и почитува долги години градените пријателски односи“, порача во соопштението Вучиќ, истакнувајќи дека токму таквиот став ѝ донел поголем углед и почитување во светот.