Москва ѝ возврати на Софија со протерување бугарски дипломат

Амбасадата на Бугарија во Москва

Владата на Руската Федерација донесе одлука за протерување на бугарски дипломат, откако Софија претходно во октомври побара од Москва да отповика руски дипломат кого го сомничи за шпинажа, објави во четвртокот бугарското министерство за надворешни работи.

Бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Крастин, известен е дека дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 24 часа во согласност со дипломатскиот протокол, потврди истовремено и руското министерство за надворешни работи.

„На 5-ти декември на бугарскиот амбасадор Атанас Крастин му беше врачена нота на министерството за објавување на советникот на амбасадата на Бугарија во Москва за ‘персона нон грата’. Овој чекор претставува рецупрочен потег на одликата од октомври на бугарските власти да протераат рускиот дипломат од земјатата“, соопшти руската дипломатија.

Бугарското министерство за надворешни работи кон крајот на октомври објави дека обвинителството започнало кривична постапка против руски дипломат. Меѓутоа, случајот бил запрен, бидејќи лицето како прв секретар на руската амбсада во Софија уживал дипломатски имунитет. Москва уште тогаш најави дека соодветно ќе одговори.

Претодно агенцијата Reuters објави дека Русија протерала бугарски дипломат откако Софија откажала да му издаде виза на новото руско воено аташе. Според агенцијата, бугарскиот амбасадор во Москва бил известен дека дипломатот треба да ја напушти руската територија во следните 24 часа во согласност со дипломатскиот протокол.

Одлуката на Софија, исто така, од крајот на октомври, да не му издаде виза на военото атеше во рсуката амбасада, беше образложена со препорака од неименувана државна институција, со која се усогласувале именувањата.