Мото ГП: Со победата на трката во Сепанг, Бањаја ги задржа шансите за одбрана на титулата

Италијанецот Франческо Багнаја од тимот на Дукати победи на трката за Големата награда на Малезија што се одржа на патеката Сепанг, задржувајќи ги шансите да ја одбрани титулата светски шампион во Мото ГП класата пред последната трка од сезоната.

До својата 10-та победа во сезоната Бањаја стигна со 3.141 секунда предност пред вториот Шпанец Хорхе Мартин од тимот на Дукати-Прамак, па одлуката за овогодинешниот светски шампион беше одложена за последната трка.

И покрај тоа, Мартин и натаму е во одлична позиција бидејќи има 24 бода повеќе од Бањаја, односно може да ја загуби титулата само доколку во последната трка од сезоната победи Бањаја, а тој не освои повеќе од еден бод.

Сѐ уште не е познато каде ќе се вози последната трка сезонава, бидејќи Големата награда на Валенсија, која требаше да биде домаќин на завршницата, беше откажана поради катастрофалните поплави кои оваа седмица ја погодија шпанската покраина. Како најверојатна замена се споменува Барселона.

Во класите Мото2 и Мото3, шампионските титули уште порано ги обезбедија Јапонецот Аи Огура од Боскоскуро и Колумбиецот Давид Алонсо од ЦФМото Аспар.