
Италијанецот Франческо Бањаја победи на неделната МотоГП трка за Големата награда на Холандија во Асен пред сонародникот Марко Безеки и Јужноафриканецот Бред Биндер, зацврстувајќи ја својата позиција како лидер во шампионатот пред долгата летна пауза.
Возачот на Дукати го забележа четвртиот успех сезонава, додека Французите Фабио Квартаро на Јамаха и Јохан Зарко од тимот на Дукати-Прамак мораа да се откажат.
Јужноафриканецот Бред Биндер, кој стаса трет на целта, беше казнет поради надминување на ограничувањата на патеката на крајот од трката и заврши како четврти зад Еспаргаро.
Втор во генералниот пласман, Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати-Прамак) заврши на петтото место.