Моторџија тешко повреден на Средно Водно

Дваесет и шестгодишен турски државјанин е тешко повреден при пад од мотор во саботата вечер на Средно Водно.

Како што соопшти полицијата, во Ургентен центар бил донесен Ш.М.Ф. (26) од Р.Турција, а со регулиран престој во Скопје.

Тој, управувајќи мотор „кавасаки“ со скопски регистерски ознаки паднал на падините на Средно Водно и се задобил со тешка телесна повреда – отворена фрактура на десна потколеница.

Повредениот бил задржан на понатамошно лекување.