![egzomesecina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/egzomesecina.jpg?resize=320%2C180&ssl=1)
Астрономите можеби ја откриле првата месечина надвор од Сончевиот систем, голем и гасен свет со големина на планетата Нептун, кој се разликува од секоја друга позната месечина и кружи околу гасна планета со маса десет пати повече од Јупитер.
Оваа „егзомесечина“ воопшто не наликува на некоја досега позната во вселенското соседство на Земјата, истакнуваат научниците изненадени од откритието не затоа што тоа покажува дека месечини постојат и на други места во Вселената, туку затоа што забележале колку оваа месечни е поразлична од околу 180-те познати во Сончевиот систем.
Вселенскиот телескоп „Kepler“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA ја забележал оваа егзомесечина, а потоа била набљудувана и со помош на телескопот „Hubble“. Резултатите од ова откритие се објавени од специјализираниот магазин Science Advances, а автори на студијата се астрономите, професорот Дејвид Кипинг и дипломантот Алекс Тичеј од универзитетот Коламбија.
„Егзомесечината“, а така се нарекува бидејќи се наоѓа надвор од Сончевата систем, е голема, вели Кипинг. Хипотезата за постоењето на масивниот природен сателит крај егзопланетата Kepler-1625b, чијашто маса се споредуваа со онаа на Јупите, била изложена врз основа на набљудувањето на транзитот на овој егзопланета преку дискот на ѕвездата. Според претпоставките на астрономите, месечината од егзопланетата се наоѓа на оддалеченост од околу 3 милиона километри, осум пати подалеку отколку што е растојанието меѓу Месечината и Земјата.
„Направиме сé што е можно за да ги исклучиме другите објаснувања, на пример, техничките аномалии при набљудувањето, други планети или ѕвезди, но не можевме да изнесеме уште една хипотеза за објаснување на сите податоци што ги собравме“, изјави во средата за интернет порталот Space.com, Кипинг.
Истовремено професорот истакнува дека немало непосредно наљудување на сателитот. „Се надеваме дека ќе спроведеме нови набљудувања и ќе ја потврдиме или отфрлиме хипотезата за постоењето на егзомесечината. Доколку оваа хипотеза биде потврдена, тогаш во системот планета – сателит, каде планетата може да се спореди со Јупитер, а сателитот со Нептун, ќе претставуваат сосема неочекувани карактеристики“, вели Кипинг.
Досега астрономите откриле повеќе 3.500 езопланети, а станува збор за планети кои се во орбитите на други ѕвезди, а коишто не се Сонцето. Истовремено се одвиваше и потрагата на езгомесечини, тела кои орбитрираат околу тие егзопланети, но со откритето на егзомесечините доцни поради техничките ограничувања.
Месечините во Сончевиот систем со керпести и составени од мраз, а новооткриената егзомесечина е гасовита. Исто така, гасовита е и планетата околу којашто орбитрира, а се проценува дека масата на планетата е неколкупати поголема од масата на најголемата планета во Сонечевиот систем – Јупитер. Егзомесечината којашто ја откриле споменатите двајца астрономи експоненцијално е поголема и од најголемата месечина во Сончевиот систем. Ганимед, месечината на Јупитер, има дијаметар од 5.260 километри, а се проценува дека егзомесечината е со големината на Нептун, кој е со дијаметар од 49.000 километри.
Егзомесечината и нејзината планета Kepler-1625b се во орбитата на Kepler-1625, ѕвездата којашто според температурата е слична на Сонцето. Егзомесечината орбитрира на околу три километра од Kepler-1625b, и масата ѝ е за околу 1,5 пати помала од масата на нејзината планета.
При откривањето Кипинг и Тичеј се потпирале во методата „транзит“, со која научниците се служат при откривањето на егзопланетоте. Светлината од Kepler-1625 потемнела кога неговата планета Kepler-1625b била во транзит пред својата ѕвезда. Тоа траело 19 часови и овој транзит ја блокирал светлината којашто лежи 8.000 светлосни години оддалечена од Земјата. Околу 3,5 часа по завршувањето на транзитот, „Hubble“ снимил друга месечина „која како кутре ја слеепе својата планета“, додава Кипинг. Истакнуваат дека потребни се дополнителни опсервации со „Hubble“ за да се разбере оддалечениот планетарен систем и да се потврди нивното откритие.