Може ли судирот во Нагорно Карабах да се интернационализира

Судирот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах сѐ повеќе се заострува и постои можност од вовлекување на Турција и Русија, предупреди шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борбите меѓу Ерменија и Азербејџан „навистина се сѐ полоши и полоши“, изјави Борел во дискусијата со европската пратеници на пленарната седница во средата во Брисел.

„За жал, во овој момент, натамошната ексалација и мешањето на регионалните актери не може да се исклучи. Мора да се спречи мешањето на странските сили“, додаде Борел споменувајќи ги Турција и Русија, пренесува AFP.

Судирот меѓу Арменија и Азербејџан кој избувна пред две седмици е најлошиот од отвирената војна од 1991 до 1994 година, по отцепувањето на доминантната ерменска енклава во 1988 година, во која според процените и тврдењата на двете страни загинале најмалку 30.000 луѓе. Се користи тешко вооружување, артилерија и воздухопловни сили, и на двете страни има десетици жртви.

„Реториката на двете страни има цел да ги мобилизира домашните актери и вовлекување на регуионалнтие“, предупредува Борел.

Бројната ерменска заедница се мобилизираше во средата во Брисел повикувајќи ја Европската унија да преземе нешто за да се запрат борбите. Речиси две илјади демонсттанти се собраа во ткн „европски кварт“, критикувајќи ја пасивноста на Унијата.

„Веќе една седмица Ерменија е жртва на агресијата на Азербејџан, а никому не му е гајле. Европа само ни зборува дека се обидува да стори сѐ за да ни помогне, но ништо не е преземено“, изјавил за AFP 28-годишниот Хритсиме Саргсјан. „Додека вие сте длабоко загрижени, гинат многу, многу ерменски војници“, додала 30-годишната Тереза Кираоксјан. Дваесет и седумгодишниот Рафек Аветесјан побарал испраќање „мировни сили за да се прекинат борбите“.

Загриженост изразија и европските пратеници, барувајќи од ЕУ да дејствува. Борел нагласи дека ЕУ истрајно ги повикува завојуваните страни и регионалните сили на моментален прекин на огнот и безусловно продолжување на преговорите.

„На што мислите кога велите дека мораме да дејствуваме? Го правиме она што можеме… Доколку некој од вас има на ум воена интервенција, тоа апсолутно не доаѓа предвид“, рекол Борел како што во четвртокот пишува EUobserver.

Напомнал дека ЕУ не знае што навистина се случува на теренот бидејќи има многу дезинформации, и оти нема меѓународни набљудувачи. Борел рекол дека преговорите под покровителство на Групата од Минск, којашто ја сочинуваат Русија, САД и Франција, е единствениот начин да се прекине насилството, бидејќи тоа е единствената меѓународна структура којашто ја признаваат и Ерменија и Азербејџан.

„Ово преговарачки формат е отворен последните триесет години, триесет години без никакви напредок“, констатираш шефот на дипломатијата на ЕУ.

Неколку европратеници побараа ЕУ да зазема построг однос кој Турција, која ја обвинуваат дека испраќа дронови, воени офицери и исламистички милинатанти од Сирија во сојузничкиот Азербејџан.

Борел исклучи воведување нови санкции против Анкара до самитот на ЕУ во декември, кога ќе бидат разгледани односите со Турција, меѓу другото и во заднината на споророт околу истражувањето на нафта и гас во истониот дел од Средоземното Море поради што влезе во опасен спор на работ на воена ескалација со земјата членка на ЕУ – Грција, која е и сојузничка во НАТО:

 

Регионалнна војна?

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ја обвини во вторникот Турција дека го поттикнува судирот и оти испраќа платеници од Сирија, тврдејќи дека неговата земја борба против „меѓународниот тероризам“. Слична изјава истовремено дојде и од францускиот претседател Емануел Макрон.

„Видете што Турција прави во Медитеранот, во Либија, Сирија, Ирак. За мене нема сомневање дека тоа е политиката на ерменскиот геноцид и повторно во насока на реставрирање на турското царство“, рече Пашинјан во разговор во Sky News.

Иран и Русја, исто така, предупредуваат на ризикот од ескалација на судирите.

„Мораме да внимаваме војната меѓу Ерменија и Азербејџан да не стане регионална војна. Иран нема да дозволи никому … да доведе терористи на нашата граница со која Иран со години се бореше“, изјави во средата иранскиот претседател Хасан Роухани за иранските медиуми.

Анкара ги отфрла обвинувањата дека испраќа сириски платеници во Азербејџан, како и дека нејзините сили се ангажирани во судирот во Нагорно Карабах.

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиското обраќање во средата ги повика Ерменија и Азербејџан да ја прекинат оваа „трагедија“ и да се согласат на прекин на огнот. Ова беше неговото прво јавно обраќање за судирот од почетокот на борбите на 27-ми септември, откако претходно Кремљ штуро известуваше за неговите телефонски разговор со претседателите на двете земји.

Русија има добри односи со двете конфронтирани страни, но е поблиска до Ерменија којашто е членка на регионалниот воен сојуз кој го предводи Москва.

Нагорно Карабах станува магнет за џихадистичките платеници и „нов полигон за меѓународните терористички организации“, предупреди Сергеј Наришкин, директор на руската разузнавачка служба СВР. „Зборуваме за стотици и дури илјадници радикали кои се надевааат дека ќе заработат на новата војна за Карабах“, истакна во изјавата објавена на интернет страницата на СВР.

Пашинјан во вторникот во разговорот за AFP рече дека е „сигурен“ дека Русија ќе му дојде на помош доколку земјата биде отвроено нападната. „Сигурен сум, доколку тоа го бара ситуацијата, дека Русија ќе ги исполни своите обврски“ како членка на Организацијата за Договоротн за заедничка безбедност, рече ерменскиот претседател.

Додаде дека Ерменија е подготвена на отстапки за да се запре судирот, доколку и Азербејџан искаже таква логика.

 

Логиката на Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека поддршката за Азербејџан е дел од настојувањата на Тррцијата „во светскиот поредок да го има местото коешто го заслужува“.

Додаде дека САД, Русија и Францина не би требло да ги предводат мировните напори во врска со Нагорно Карабах, бидејќи тоа прашање го пренабрегнуваат 30 години. Порача дека трајното примирје можќе да се постигне само доколу „ерменските окупатори“ се повлечат од Нагорно Карабах.

Турција е голем увозник на гас од Азербејџан и тоа е важно поттикнува да зазема решителен став во врска со Нагорно Карабах, јужнокафкаскиот регион низ кој минуваат стратешки нафтоводи и гасоводи. Турција сака да стане важен јазол за извозот на енергенсите во Европа од азиските земји.

Со воените акции во регионот Ердоган, исто така, сака да ја зајакне и сопстваната позиција на домашната политичка сцена.

„Логиката на Ердоган“ е да ја дестабилизира Групата од Минск, бидејќи Турциа во постојната структура нема прав на глас, оцени Галип Далаи, есперт од Академијата „Роберт Бош“ во Берлин во разговорот за Reuters.

„Логиката на Турција во речиси сите краишата на мапата е внесување раздор. Сѐ што го поткопува статус-квото е добро за неа, бидејќи претходното статус-кво го сметаше за спротивно на своите интереси. Во Нагорно Карабах беше замрзнат судирот при што оваа област остана во рацете на Ерменија, Турција сака да ја поткопа таа игра, иако не може потпоплно да ја одредува“, имајќи го предвид традиционалното влијание на Русија во регионот, додаде Далаи.

„Сите тие судири ја јакнат перцепцијата дека Турција е замја под опсада, оправдано или не“, вели за Reuters Синан Углен, директор на истанбулскиот тинк-тенк EDAM, кој смета дека клучната улога во борабата за власт, сепак, ќе ја има состојбата во турската економија.

Поддршката на јавноста за Ердоган пораснала за речиси 5 отсто минатиот месец, според истражувањето на јавното мнение на MetroPolla, по спорот во источен Медитеран.

„Турција во многу области тесно соработува со Русија и нема причини за загриженоста дека би можела да биде вовлечена во судир со Русија“, рекол за Reuters неименуван турски функционер.