Можно обновување на владините преговори меѓу „Пет ѕвезди“ и демократите во Италија

Италијанското движење “Пет ѕвезди“ денеска ги поздрави најавите што доаѓаат од Демократската партија дека е подготвена да го прифати враќањето на досегашниот премиер Џузепе Конте на чело на владата и изрази подготвеност за продолжување на преговорите за формирање ново владеачко мнозинство.

Антисистемското движење „Пет ѕвезди’, членка на доскорешната владеачка коалиција со десничарската Лига, од падот на претходната влада преговара со ДП за формирање нова влада, но една од пречките за постигнување договор беше противењето на демократите на нејзино чело да остане Конте.

„Ја поздравуваме отвореноста на угледните членови на Демократската партија кон идната улога на премиерот Конте. Подготвени сме за разговор за политиката“, се наведува во соопштението н движењето „Пет ѕвезди“