На самитот присуствуваше македонскиот министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф, кој беше лично поканет од министерот за економија Султан Бин Саед Ал Мансури да зборува на самитот.
Министерот Наумоф во своето излагање се осврна на макроекономската стабилност во Македонија, ниските даноци, како и на владината поддршка што им се нуди на странските инвеститори.
Наумоф имаше одвоена средба со султанот Ал Мансури на којашто биле разменети идеи за таргетирани инвестициски можности за соработка на Македонија со Обединетите Арапски Емирати.
Македонскиот министер за странски инвестиции остварил повеќе индивидуални средби и со менаџери на компании од разни земји.