МПЦ итно да го повлече срамното писмо до БПЦ (ВИДЕО)

Во овие тешки времиња за Македонија, претставува голем историски срам писмото на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со барање до Бугарската првославна црква да се јави како нејзина мајка црква и да се заложи за нејзиното признавање во православниот свет, смета архимандритот Никодим Царкњас.

Во изјавата за весникот на македонските иселеници во Канада Македонија од неделата, архимандритот Царкњас вели дека Господ треба да ја чува Македонија, бидејќи според него земјата „навистина се наоѓа тешка ситуцја и потешки времиња нема минато“.

„Неодамна престојував во Прилеп и добро сум запознаен со ситуацијата и со писмото од Светиот архиерсејски синод на МПЦ-ОА до Синодот на БПЦ со баање да ја признае како мајка црква. Тоа е жално и претставува најголем историски срам што се прави од страна на Македонската православна црква, бидејќи Охридската архиепископија е мајката на сите таканаречени славјански цркви и на руската, и на српска, и на бугарската..“, вели Царкњас во изјавата за весникот Македонија од Торонто.

Повторувајќи дека станува збор за срамен потег, архмандритот Царкњас вели дека неодамна просуствувал на сесловенски собир на кој академици и научници потврдиле дека македонската црква е мајката црква на сите други црвки во православниот свет.

„И денес претставва најголема срамота што нашиот синод реагира на повик на политичарите и на политичките игри“, предупредува архимандритот.

Царкњас апелира до МПЦ и до македонските политичари да го повлечат спорното писмо до БПЦ и да почекаат извесен период, затоа што, како што тој проценува, треба да се почека уште неколку години и дека прашањето ќе се реши во полза на македонската црква оти е „созреано“ времето за такво решение.

Вели дека нема ништо против властите, но Царкњас посетува дека струмичкиот митрополит Наум своевремено беше потписник и на ткн Нишкиот договор со Српската православна црква, како што вели во содејство со архиепискот Стефан, а исто така, сега повторно се јавува како иницијатор на писмото до бугарскиот Синод со аминување од страна на поглаварот на МПЦ-ОА.

За него рамно е на национално самоубиство ова што се случува сега во поглед на иницијативите и црковни и политички, кога дури и грчките научници, како што вели архмандритот Царкњас, признаваат дека Македонците се посебен народ, различени од сите други во регионот.

Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, праволавен монах, по поткло од воденското село С’ботско, и е познат по неговата упорна борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, и за остварување на националните и политичките права.

 

&nbsp