Мрачен период во следните 25 години и претстои на Србија

Голема Албанија, во чиј состав ќе биде и Косово, не нешто што лебди во воздухот, туку за пет години ќе стане реалност за Србија. Така ќе почне тоталната албанизација на балканскиот простор, а за српскиот народ периодот од следните 25 години ќе претставува мрачна перспектива, рекла во интервју за српскиот весник „Ало“, Ања Филимонова, научен соработник на Институтот за словенски студии на руската академија на науките и главен уредник на интернет порталот „Фонд за стратешка култура на српски“, пренесува Нетпрес.

– Проектот Голема Албанија доби некаков нов импулс. Изгледа дека Западот ја мина првата фаза, таа е завршена во 2008 година, со прогласување на независноста на Косово, а сега е фазата на зацврстување на таканаречената „независност“ и ширење на регионот. Тоа очигледно оди на неколку нивоа и во неколку правци. На пример, југот на Србија, односно општина Прешево, Бујановац и Медвеѓе гледаме како полека, но сигурно доаѓа то тоа зацврстување, вели Филимонова.

Таа додала дека проектот Голема Албанија се остварува по пат на поврзување на Косово и на Албанија, што се покажува со свеченото отворање на автопатот. Според неа, граница меѓу Албанија и Косово всушност и не постои, и само прашање на време Албанија и Косово ќе се обединат.

– Останува да се види дали тоа ќе биде и формализирано, но факт е дека ќе се случи, рекла рускиот академик.

На прашање „Кој од надвор го турка проектот Голема Албанија?“, Филимонова одговорила:

– Сите знаеме дека српската полиција нема никаков пристап во Велики Трновац, место кое е главен јазол за наркотици. Тука станува збор за криминализација на српски простор и дел од проектот Голема Албанија. Не попусто Западот ја создаваше оваа зона на девијантен криминал, хаос и ужас. Тие имаат многу пари и инструменти, па само силна држава може да му се спротистваи на тоа. Западот инсистира дека државата мора да биде слаба. Само силна држава ќе ги елиминира овие опасности со кои се соочува Србија. Значи Голема Албанија заедно со Косово не е нешто што лебди во воздухот, туку за пет години ќе стане реалност за Србија. Така ќе почне тоталната албанизација на балканскиот простор. За српскиот народ периодот од следните 25 години претставува мрачна перспектива, што е последица не само на политиката на Западот, туку и на внатрешната српска политика, која дозволува носење закони за националните малцинства кои се погубни, вели Филимонова.