Мраз ги парализираше Тексас и Арканзас и остави илјадници луѓе без струја

Во саботата леден време окова делови од САД, а илјадници луѓе во државите Тексас и Арканзас морале да се справат со студот без струја, откако силните ветрови го прекинаа напојувањето со електричната енергија. Лошото време, исто така ги парализира патиштата и предизвика сериозни одложувања на летовите, пренесе „Ројтерс“.

Температурите се толку ниски што се очекува дури во Лас Вегас да паднеснег пред крајот на викендот. Студот најверојатно ќе се пресели на исток и север и ќе ги покрие Вирџинија и Њу Ингланд.