Резултатите од американските претседателски избори и натаму не се познати. Трката е неизвесна до самиот крај, а секој глас е важен.
Неизвесно е во уште шест држави: Северна Каролина, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија каде што тесно води Трамп, додека во Невада и Висконсин има предност Бајден. Остане ли вака до крај, тоа ќе биде нова победа на Трамп.
Но, Бајден и да го задржи водството во Невада и Висконсин, доволно е само да се случи пресврт во Мичиген или Џорџија, каде што разликата е најтесна. Во тој случај победа во Пенсилванија нема да му биде потребна.
Мичиген носи 16 електорски гласови, а во моментов Трамп има предност, но истата беше поголема, и опадна како се пребројуваа гласовите.