
Синоќа околу 23 часот во полиција е пријавено дека во скопската населба Радишани, на улица „Радишанска“, е пронајдено женско тело кое не давало знаци на живот.
Според досегашните податоци на Министерството за внатрешни работи, на телото немало траги на насилство. Утврдено е дека станува збор за С.Б. (51).
Полиција и јавен обвинител извршиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото е дадено на обдукција. По завршување на истрагата ќе биде познато како настапила смртта.