Специјалното јавно обвинителство, иако е „мртво“ во реалноста, живо е на хартија. Ребалансот на буџетот покажа дека за оваа институција не е скратено ниту денар со прекројувањето на државната каса поради корона вирусот, јавува Алсат М. Со првичната проекција на буџетот за годинава, за СЈО планирани биле еден милон и 200 илјади евра. Но, и по ребалансот, за ова обвинителство остануваат истите пари на располагање. Кратења Владата предвидела кај платите. За ова биле планирани 55 милиони денари.
Ребаланс на Буџет за 2020 година
- Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт – 33 илјади евра
- Договорни услуги – 200 илјади евра
- Други тековни расходи – 66 илјади евра“
Од Министерството за финансии објаснуваат дека овие ставки се однесуваат за договори за закуп, тековни расходи и се ставени во ребалансот на буџетот, откако владата со уредба донесе одлука да се исплатат заостанатите плати на вработените. Веќе во среда била закажана средба во Министерството за правда за да се одлучи што понатаму, оти Уставниот суд ја поништи уредбата на Владата која предвидуваше исплата на заостанатите плати и придонеси на околу стотина истражители, административци и службеници кои останаа во СЈО.