Му го одзеле станот, па пукал во новите сопственици

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(57) од Куманово, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Во три наврати во март 2014 година пријавениот бидејќи му бил одземен стан и доделен на други лица истиот со воздушни пиштоли, што ги поседувал со потврда испукал неколку дијаболи кон станот доведувајќи ги во опасност сопствениците на кои им бил доделен станот.