Муцунски: Димитров е одговорен за фијаското со договорите со Грција и со Бугарија

Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за интерпелацијата на Никола Димитров, актуелен вицепремиер за европски интеграции рече дека покренувањето на прашањето за одговорност на член на влада е многу важно, исто како што е многу важно дали се исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните.

Причини за интерпелација има повеќе, додаде Муцунски, и укажа на неколку од нив.

Прво, старо – новата влада за време на кампања пред парламентарните избори даде ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи. Второ, давањето на лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандат. Актуелниот заменик претседател на Владата пред неколку месеци беше и прв човек на МНР, беше во постапка за постигнување на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бигарија. Тоа се асиметрични договори кои беа презентирани како извонреден успех.Трето, за решенијата во овие договори не е воден сооддветен демократски дијалог и не е вклучена пошироката експертска јавност.Четврто, во два наврата Димитров беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појави да рефереира по овие прашања. Петто, фијаското не го ставам само на негов товар, но тоа се случуваше кога ја извршува функцијата – рече Муцунски.

Според него, за сето ова што се случуваше изостана и сооодветен интитуционален одговор.

– Потребно е да констатираме дека за неприфатливиот, навредувачкиот однос и блокирање на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, а тоа значи и негирање на идентитет, посебност, немаше институционален одговор – рече Муцунски.

Тој смета дека е потребно национално единство, соработка за да ги надминуваме стереотипите без вакви дебакли и да наоѓаме достоинствени решенија.

МИА