Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во „Тема на денот“ на ТВ Сител, рече дека најголемата опозициска партија би можела да ја поддржи Беса во најавите за протести како форма на притисок врз власта за предвремени парламентарни избори.
– Подржуваме окрупнување на опозицискиот фронт – дали е тоа Беса, дали е тоа друг политички субјект со кој што веруваме дека можеме понатаму да ја движиме Македонија во правилна насока врз основа на политики, а не на тесни интереси како што прави оваа влада на ДУИ, поддржана од СДСМ. Треба да преземеме се што е возможно заеднички врз основа на принципи, зошто да не – вклучително и вакви мерки како протести, зошто тоа е во интерес на јавноста, рече градоначалникот на Аеродром вечерва.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ под овие услови на прифаќа да се разговара за уставни измени и дека за такво нешто пратениците на неговата партија нема да се согласат.
– Ќе се разгледа можноста од пролет, ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори, заедно со другиот дел од албанската опозиција, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на предвремени избори, рече градоначалникот на Тетово, при тоа не исклучувајќи ја можноста за соработка и со ВМРО-ДПМНЕ.