Муцунски: Општина Аеродром не дала позитивно мислење за копање песок и чакал на локалитетот во Долно Лисиче

Општина Аеродром не дала позитивно мислење за копање на песок и чакал на локалитетот во Долно Лисиче. Не се доставени примероци од договорите за концесија, склучени по конкретните одлуки за доделување концесија, соопшти во понеделникот градоначалникот на оваа скопска општина, Тимчо Муцунски

Онфрормираше дека се пристигнати бројни реакции од жителите на локалитетот Долно Лисиче, како засегната јавност, со барања за заштита на животната средина и спречување на експлоатација на минерални суровини којашто може да биде штетна за квалитетот на животната средина, животот и здравјето на луѓето или емисија од којашто може да произлезе штета за имотот.

„Од Министерството за економија бараме податоци за сите одлуки за концесии на територијата на локалната самоуправа зошто од нив треба да има прилив во буџетот на Општината, а досега не сме известени за тоа.

Владата се спротивставува на интересите на граѓаните од Долно Лисиче, владата се спротивставува на насоките за заштита на животната средина и затоа преземаме конкретни чекори за да постапиме против ваквата одлука од владата“, рече Муцунски во видео обраќањето до жителите на Аеродром.