За ВМРО-ДПМНЕ предусувачки фактор за одењето на избори беше неспособноста на владејачката СДСМ да се справи со пандемијата, покрај исполнувањето на двата предуслова, односно протокол за сигурноста на гласачите на избори во епидемиолшката криза и присуство на набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР, рече во вторникот вечерта меѓународниот секретар на опозициската партија, Тимчо Муцунски во текот на дуелот со Дамјан Манчевски во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
„Политиките во делот на здравство се креираа за да се дојде до брзи парламентарни избори. Тоа беше инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата ѝ се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт беше состојбата којашто се случи токму со корона-кризата, односно неспособноста и неподготвеноста на актуелната Влада да се справи со оваа пандемија“, нагласи Муцунски.
На соговорникот му посочи дека двата предуслова на ВМРО-ДПМНЕ да поддржи одржување на скори избори, партискиот лидер Христијан Мицкоски ги објави во неделате. Муцунски потсети дека првиот услов беше да се направат протоколи и политики които ќе претставуваат гаранција за здравствениот дел односно процесот на водење на кампања и самиот дел на гласањето, додека вториот аспект на ставот на ВМРО-ДПМНЕ зошто требаше токму тој период за одржување на парламентарните избори е за да се има фер и демократски избори, за што неопходно е присуство во земајта на набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Ние инсистиравме да не дојде ситуација да почнеме кампањата, а да немаме некоја форма на меѓународно набљудување на организацијата ОБСЕ/ОДИХР. Ние и меѓу другото сме и земја членка на ОБСЕ како меѓународна организација која што гарантира за легитимен, фер и демократски изборен процес. Нашите барања беа рационални. Нашите барања беа во рамките на логиката на состојбите кои што сега ги имаме, со кои што се справуваме“, истакна Муцунски.