-Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром – нагласи градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“
Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со проектори, 15 преносни компјутери и 1 повеќенаменски фотокопир, овозможена од општественоодговорна компанија.
– Инвестициите од ваков тип продолжуваат и во следниот период. Благодарам за родителите, раководството на училиштето и сите вклучени во овој процес преку коj успеваме да креираме подобра средина во која учениците имаат можност да ги истакнат своите таленти и да ги остварат зацртаните цели – истакна градоначалникот Муцунски при посетата на основното училиште.