
Општина Аеродром го доби својот нов градоначалник – Тимчо Муцунски кој што беше кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според најновите податоци на ДИК, на обработени 98,92% од избирачките места, Муцунски е со победа во првиот круг со скоро 10.000 гласови, поточно 9,698 гласови.
Кратко по завршувањето на гласање во општина Аеродром почна да се чувствува победничката атмосфера на ВМРО-ДПМНЕ.