Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ христијан Мицкоски и претседателот на совет, Дејан Митевски направија увид на повеќе завршени проекти од областа на спортот и рекреативната култура. Кај ОУ „Љубен Лапе“ каде што целосно се реконструирани две нови спортски игралишта, продолживме кај ОУ„Ѓорѓија Пулевски“ каде што има целосна реконструкција на спортската и рекреативната инфраструктура во дворот на основното училиште и завршуваме на оваа локација, позната кај аеродромци како Жути Арена.
„Целосно се реконструира објектот, има сега трибини, нова најсовремена подлога што значи ние продолжуваме со ваков тип на инвестиции, посебно со периодот поврзан со летниот период каде што на младите им е потребна се повеќе локации каде што може активно да спортуваат.
Ќе продолжат инвестициите и во следниот период, ние работиме плански, во текот на летниот период кога е намалена гужвата во сообраќајниот режим отпочнавме со инфраструктура со повеќе објекти од уличната инфраструктура, тие проекти ќе продолжат и во следниот период, најавуваме низа други проекти. Но со жалење морам да констатирам дека во моментот владата на Република Македонија, во општина Аеродром, општина на која насушно и се потребни нови градинки и проширување на капацитетите на училиштата ја блокира обврзницата за Аеродром. Обврзница која што не беше наменета за непродуктивни расходи, туку обврзница која што беше строго наменета за капитални проекти. Се надеваме дека таму разумот и свеста ќе преовладеат бидејќи ова е проект кој што веќе добил соодветни одобренија и од Министерството за финансии и од страна на Комисијата за хартии од вредност, што значи дека се чека само едно техничко одобрение од владата, но тоа техничко одобрение во моментот кочи од отпочнување на градежни работи, на проекти кои што од наша страна година и половина се подготвуваа да дојдат до фаза каде што можеме истите да ги тендерираме, да ги изведеме дека ќе ја доведеме општината во ситуација, општината со најголем раст на население, да ја доведеме до состојба каде што веќе нема дечиња да чекаат за место во градинка и нема да бидеме во ризик учениците во неколку училишта да одат во трета смена“, истакна Муцунски.
Тој, исто така, додае дека доколку таа техничка одлука се блокира од страна на владата во тој момент веќе целосната одговорност за сите овие недостатоци, кога општината обезбедила проекти и начин на финансирање, одговорноста ќе се префрли кај централната власт.