Аналитичарот и публицист Нијази Мухамeди ги критикуваше владините мерки со кои треба да се воспостави строг режим во Тетово и во две други општини. Владата одлучи од утре (среда) граѓаните во Тетово, Куманово и Прилеп задолжително да носат маски и нараквици, но и да одржуваат растојание со што заедно ќе можат да се движат само по две лица.
„Од утре, граѓаните во Тетово кои ќе излезат надвор задолжително мораат да носат маски, што значи дека маските мора да ги купат граѓаните (наместо да се даваат бесплатно). Некои мерки за заштита од коронавирусот техничката влада на Спасовсни ги измислува и се враќа во интерес за џебовите на профитерите! Безобразна печалба на Владата во време на коронавирус во Тетово“, напиша Мухамеди, пренесува порталот ИНА.