Во стампедо на патници на железнички мост во Мумбај утрово загинаа најмалку 15 луѓе.
Стампедото се случи за време на утринската сообраќајна гужва. Причината се’ уште не е позната. Индиските власти соопштија дека е можно бројот на починати да расте, бидејќи петмина патници се со тешки телесни повреди.