Мурињо го сака Бејл, Ериксен оди во Реал

Велшкиот фудбалски репрезентативец и крилен напаѓач на мадриски Реал, 30-годишниот Герет Бејл, е на чекор до враќање во Тотенхем, додека во спротивен правец би требало да замине 27-годишниот Данец Кристијан Ериксен.

Според британските медиуми, португалскиот менаџер на „Спарс“ Жозе Мурињо во јануари сака да го засили Тотенхем, а првиот играч на неговиот список со желби е Бејл кој за лондонскиот клуб настапуваше од 2007 до 2013 година по што за тогаш рекордни 100 милиони евра мина во редовите на „Кралскиот клуб“.

Велшкиот репрезентативец веќе подолг период се споменива како играчот кој ќе го напушти Реал Мадрид, додека Данецот одамна е жлеба на Реал и се чини дека договор за размената е можен.

„Јас сум во Тотенхем, го знам профилот на клубот, го знам проектот, ја знам визијата, ги знам целите. Ние никогаш нема да биде кралеви на пазарот, мораме на интелигентен начин, на креативен начин“, рече Мурињо претходно седмицава.

Бејл во дресот на шпанскиот великан впиша 244 настапи во кои постигна 104 голови, освојувајќи притоа 13 трофеи од кои четири во Лигата на шампионите. Меѓутоа, веќе подолг период не е во прв план и е на излезната врата од Реал.

Ериксен, пак, неодамна одби да го продолжи договорот и поради тоа е ставен во втор план. Откако Мурињо го презема Тотенхем, го „замрзна“ на клупата за резерви и речиси сигурено е дека си заминува.