Муричи му пресуди на Атлетико, прекинувајќи му ја серијата од шест победи по ред (ВИДЕО)

Косовската ѕвезда Ведат Муричи со својот прв гол за Мајорка, откако зимоска дојде од римски Лацио го урна сѐ уште актуелниот првак на Шпанија, Атлетико Мадрид за многу важна победа за Мајорка со 1-0 во 31-то коло во Ла Лига.

Муричи во 68-та минута го реализираше пеналот со кој Мајорка победи и тоа првпат после мизерната серија од седум порази по ред, па со триумфот останаа над опасната зона во жешката битка за опстанокот, еден бод пред Кадиз.

За Атлетико ова беше првиот пораз по шест победи по ред и шампионот остана на 57 бода на четвртото место кое води во ЛШ, само бод повеќе од петтиот Бетис, но очигледно е дека четата на Диего Симеоне после поразот од Манчестер сити во првото четвртфинале во ЛШ, сѐ уште со мислите е во таа пресметка, а реваншот е веќе во среда на домашен терен.