Вербалната војна на релација Челзи – Манчестер Сити, доби ново продолжение, а во истото главниот збор го има контроверзниот предводник на лондонските “сини”, Жозе Мурињо.
Трофејниот португалски стручњак на најоригинален начин пресметка колку Челзи има заработено за време на зимскиот преоден рок и додаде дека Сити има тим кој може да доминира во следните три до четри години.
“Сити има тим за сега, не за следните 10 години. Овој тим на Сити може да доминира само во следните три до четри сезони. Доволно е искусен, го има потребниот потенцијал, доволно е моќен. Исто така Сити не се замара со Финансискиот Фер-Плеј и знам дека ќе потрошат сериозна парична сума за време на летниот преоден рок. Пелегрини има статус на инжинер, тој не користи калкулатор. За среќа јас сум тука, јас ќе му помогнам. Мата е продаден за 37 мил. фунти, Де Бруин е продаден за 18 мил. фунти. Тоа се 55 мил. фунти. Го купивме Матиќ за 21 мил. фунти и Салах за 11 мил. фунти. Тоа се 32 мил. фунти. Значи, 55 минус 32 е еднакво на 23 мил. фунти. Челзи заработи 23 мил. фунти. За ваква математика не е потребен калкулатор”, изјави Португалецот.