Муслите „ДМ Bio Paleo” се повлекуваат од продажба во БиХ

Како мерка на претпазливост во БиХ од продажба се повлекуваат муслите „ДМ Bio Paleo” во пакувања од 500 грама, со истек на рок до 30 мај 2019 година, пишува „Фена”.

Причината за повлекувањето е, како што наведува медиумот е присуство на тропански алкалоиди, природна растителна компонента, материјали што обично може да се најде во плевел, а чие присуство во овој производ го воспоставиле внатрешните контроли.

Со оглед на тоа дека во органското земјоделство не се користат хербициди за време на растот на житото не може да биде исклучена сто отсто појавата на плевелите и на тој начин овие материјали. Редовната и темелна контрола на почвата придонесува да се зголемат  превентивните мерки за намалување на ризиците. Во моментов сме во комуникација со нашите партнери – производители, за да дознаеме како и покрај мерките на безбедност дошло до загадување, велат од ДМ.

Присутноста на тропските алкалоиди во храна, особено во житарките  и житни производи не е непозната. Меѓутоа, нивното ниво не смее да отстапува од европските регулативи за максимално дозволените граници, бидејќи  може да предизвика благи здравствени проблеми, како што се проблеми со видот, проширени зеници, сувост на устата или замор.

Од  ДМ им порачуваат на купувачите да не ги конзумираат „dmBio Paleo ” муслите и неотворени да ги вратат во најблиската  продавница, каде што тие ќе бидат надоместени за платениот износ. Клиентите можат едноставно да го идентификуваат рокот на траење на страната на пакувањето.

Квалитетот на нашите производи и безбедноста на клиентите за нас се од највисок приоритет. Ние тагуваме случајот и се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите, велат од ДМ.