Музејот на Град Скопје гостува во Подгорица

Музејот на Град Скопје од денеска до 23 ноември ќе гостува во Подгорица со изложбата „Една слика за темната страна на римската историја, Скупи – гробница со масовно погребување/архео – антрополошка и форензичко – антрополошка презентација”.

На изложбата во Музеи и галерии на Подгорица ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата на едно исклучително и несекојдневно откритие од Југоисточната некропола на римската колонија Скупи (Colonia Flavia Scupinorum). Станува збор за масовна гробница во која биле погребани околу двесте возрасни мажи, некогашни војници, припадници на римската воена камарила, од кои повеќето биле насилно усмртени, најчесто со обезглавување.

Изложбата претставува пионерски потфат како во однос на мултидисциплинарниот пристап поради паралелната примена на археологијата, физичката и форензичката антропологија, така и поради мултимедијалниот начин на презентација со примена на повеќе класични и современи уметнички дисциплини (фотографија, видео, дводимензионални и тродимензионални реконструкции на ).

Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска подршка на Град Скопје, а во соработка со Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје и Музеи и галерии на Подгорица