Уште една акција за разбивање на терористичка група во Слупчане и Ваксинце.
Како што јавува телевизијата Сител, утрово во 6:30 започнала акција на МВР за разбивање на добро вооружена терористичка група која била стационирана во реонот на Слупчане и Ваксинце.
Според информациите на телевизијата, во 7:15 минути веќе се слушале рафални истрели од огнено оружје, засега нема информации дали има уапсени или повредени.
Од Сител повеќе информации најавуваат за подоцна во текот на денот.
Полициска акција во кумановската „Дива населба“
Инаку, македонската јавност сеуште се сеќава на случувањата од месец мај во кумановската „Дива населба“, кога во акција за разбивање на терористичка група загинаа осуммина македонски полицајци.
Форензичките анализи на биолошки траги и отпечатоци потврдиле дека седуммина од терористите во кумановската „Дива Населба“, претходно биле меѓу напаѓачите во караулата Гошинце. Мегу нив биле и водачите на групата Мирсад Ндрецај алијас командант Нато и Бег Ризај алијас командат Бегу кои беа убиени во Куманово како и Дем Шеху кој е во притвор.
Имињата на другите четворица кои ја напднаа и караулата, а подоцна се стационирале и подготвувале напади од „Дива Населба“ се Адријан Бујари Реџеп Реџепи, Фејзула Рушитовски и Валдет Зекај.
Групата од „Дива населба“ меѓу најопасните во регионот
Групата која ја запоседна „Дива населба“ и уби осуммина полицајци се смета за една од најопсните терористички групи во Регионот. Припадниците на групата се со дебели полициски досиеја и богата криминална историја. Ова го потврдиле податоците кои МВР ги добила преку Интерпол. Дваесет и еден од нив се гонат за 104 најразлични кривични дела од убиства до семејно насилство и киднапирање.
Според досегашната истрага рекордер со 22 кривични дела е косовскиот државјанин Валдет Зекај кој се смета одговорен и за две убиства . Зад него со 18 кривични дела е Шефкет Каљачи.
Мухамед Красничи или командант Малишева има 11 пријави од кои две убиства, трговија со дрога и нелегално оружје, киднапирање.
За Ндрецај досега се најдени само 3 кривични дела: закана, напад и телесна повреда.
Толку има и Сами Укшини, алијас командант Соколи.
Дем Шеху има 5 кривични дела од кои две ги сторил во Македонија. На оваа листа се најдоа и деветмина од македонските државјани кои учествувале во престрелката со полицијата во Куманово.