Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека за командир на Граничниот премин е поставено лице кое одлежало затворска казна за поврзаност со криумчарење.
-Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење. Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме дo ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, велат од МВР.