МВР изрече 196 санкции во Скопје, 64 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се шест мерки за возач почетник, шест санкции за зборување на мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 20 санкции за управување под дејство на алкохол.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.