
Ексклузивни документи од Министерството за внатрешни работи дошле во посед на редакцијата на Економски Лидер на кои се прикажува како министерството го зприкривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
До редакцијата на Лидер свиркачи ја достави пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш.
Неговиот исказ бил заведен како “Пријава” а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.
Но, подоцна, истата пријава, била заведена како „Поплака”, форма по која МВР има можност да не реагира. Неа ја потпишал, според документите, полицискиот службеник Љупчо Волковски.
Станува збор за класично забошотување на случајот на насилство од страна на Курто Дудуш и од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Сашко Коменовиќ.
Извор на порталот од МВР тврди дека во прикривањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовским кој интервенирал „пријавата“ да се преименува во „поплака“, за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.
Во ептокот Економски Лидер објави „аудио бомба“, во која беше претставено тепањето од страна на Курто Дудуш.