Сафет Јашар, кој, како што пренесоа медуми, бил заклучен и тепан од страна на градоначалникот на општина Шуто Оризари, денеска бил повикан во полиција на информативен разговор, пренесе Експрес.
Од МВР потврдуваат дека истрагата е во тек и ќе се испитува автентичноста на снимката.
Роднини на човекот кој што според аудио „бомбата” објавена во саботата е психички и физички малтретиран од градоначалникот на Шуто Оризари, тврдат дека тој попладнево е повикан во полиција.
Сенат Јашар кој според снимките на lider.com.mk е заклучен и тепан од страна на Дудуш бил повикан во МВР да даде информации за инцидентот во кој се слушаат пцости, навреди, закани и звуци кои укажуваат на физичко насилство.
Предходно Дудуш потврди дека настанот се случил, дека гласот на снимката е негов и дека тој имал контакт со Јашар на денот на инцидентот.
МВР засега не објавува ништо за преземените чекори во врска со инцидентот и разговорот со Јашар.
Јавноста досега не е запозната дали во МВР е повикан и Курто Дудуш и дали во МВР официјално е отворен предмет за случајот.