Додека се одржуваше протестот на околу 600 стечајци во Скопје во повеќе наврати беше нарушен јавниот ред и мир, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имало обид да се демолира заштитната метална ограда како и туркање на кордонот полициските службеници кои го обезбедуваат протестот.
Од страна на полициските службеници, како што се наведува во соопштението на МВР, е идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против истиот како и против организаторот на протестот ќе се поднесаат соодветни пријави.
Околу 15 часот поголема бројка од присутните на протестот се разотидоа, а во моментот мирно простираат помал број лица.