МВР реформатор со туѓи заслуги!

Минстерството за внатрешни работи на својот сајт објави дека активно се вклучува во планирање и спроведување на неопходните реформи на новата влада, потенцирајќи дека МВР е носител на активностите кои се однесуваат на реформа на разузнавачките служби, борба против организиран криминал и миграции.

Во образложението за Реформата на разузнавачките служби стои „Подготвување план за реализација на препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), со листа на правни акти, административни и технички мерки и финансиски импликации“, со тоа што во тек е подготвка на работната група која ќе биде задолжена за реализација на оваа активност.

Сепак, од МВР се чини дека изумиле да појаснат дека оваа реформа е почната уште од јуни 2016 година и е завршена до фаза на планирање од претходната влада во март 2017 година. Проект „Интеигенција’, координатор Митко Чавков.
Сега веројатно и наодот од околу 320 страници од кор- групата ќе го прикажат како заслуга на новото раководство.

Други веќе исполнети точки од Реформата на разузнавачките служби се  Формирање и именување на членови на Национален комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам. Како и назначување Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици.

Освен тоа што Владата донела одлуки за формирање Комитет, членови, координатор и заменици, не е објавено кој се тие.

Исто така, во делот за миграции, во информацијаата е наведено дека ќе се формира специјална единица (task force) за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, составена од претставници од Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција и МВР.
За таа цел, на иницијатива на МВР на 13 и 14 септември, се најавува регионална работилница со преставници на Србија и Грција, по што ќе се започне со формализирање на единицата.

За потсеување, оваа единици е формирана уште во 2005  година, а со измените на ЗКП, целата единица реферира директно на ОЈО.

Како дел од „реформите“ се наведува и дека ќе се организира регионална работилница во ноември со учество на националните координатори од земјите од Западен Балкан и ЕУ за борба против трговија со луѓе.

Во ред, со тоа што ваква работилница не може да се каже дека е реформа бидејќи се организира секоја година.