МВР се претвори во агенција за обезбедување моќници

Откако вчера полицијата спроведе акција по најава дека во подрумите на ГТЦ се „копале“ криптовалути со нелегален приклучок на струја и за сомнително краток период ја реши истрагата, реакциите во јавноста не стивнуваат.

Иако за овој проблем со месеци наназад алармираа и дуќанџиите во трговскиот центар, бидејќи драстично им се зголемени сметките за струја, МВР вчера излезе со соопштение дека од тоа што е затекнато на местото на настанот, био утврдено дека не се краде струја, а копањето на крипто валути не е кривично дело, туку само не е регулирано со закон.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а новинарот Фуркан Салиу кој ја обелодени полициската акција, по експресното затворање на случајот, на социјалните мрежи напиша: „Јавна тајна е дека МВР се претвори во агенција за обезбедуване на моќници“.

„Криминалот е прашане на перцепција во оваа држава. Законите се толкуваат различно, во зависност кој е сторителот.
Јавна тајна е дека МВР се претвори во агенција за обезбедуване на моќници.
Џабе се мачиме, решението е ✈️🇩🇪“