На 26.07.2021 во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Драгиша Мишовиќ“, на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.А. и И.С.К., двете од Скопје.
Исто така, во врска со случајот, околу 11.40 часот било пријавено дека на истата локација, по претходна расправија, С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37), двајцата од Скопје.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. С.А. околу 18.00 часот сам се пријавил во Единицата за насилен криминал во Полициската станица Кисела Вода и со него бил извршен разговор.