МВР со детали за тепачката на кошаркарски натпревар

Вчера на одигрување на кошаркарски натпревар во спортската сала во ОУ „7 март“ во Скопје, пријавено е дека бил физички нападнат играчот на гостинската екипа ФМП – Скопје Д.Н. (24) од страна на играч од противничката екипа, по што се вклучиле и други лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.